Барањето на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, за уредување на полските патишта во атарите на населените места е прифатено од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Јаневски бараше владина поддршка затоа што полските патишта не се во ингеренции на Општината, а се сериозен проблем за жителите од населените места, особено за оние кои се занимаваат со земјоделска дејност.