По снежните врнежи кои ја зафатија општина Струмица, екипите на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ се на терен и вршат континуирано чистење на улиците и тротоарите. Од синоќа од 23 часот се врши и машински и рачно чистење и се фрла сол и ризла. Според Бранко Горѓиев, раководител на единицата „Чистота“ досега се фрлени 4,5 тони сол и 1,5 тони ризла.
Освен во централното градско подрачје, се работи и во периферните делови на градот, посебно во горниот дел на градот. Проблем во чистењето на улиците се лошо паркираните возила. Токму поради ова, од „Комуналец“ апелираат до сопствениците на возилата да го препаркираат своите возила за да можат возилата на „Комуналец“ да влезат во улиците и да го исчистат снегот. Освен во градот се чисти и во населените места. Според информациите од одделението за образование и покрај интензивните снежни врнежи наставата се одвива без проблеми во сите училишта, освен што учениците од населените места Рич, Попчево и Раборци, утрово не успеале да стигнат на настава во основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица.