Бр.08-1834/1, 08.03.2018 год., Струмица
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување осмата седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам осмата седница на Советот на општина Струмица за ден 15.03.2018 година (четврток).
Осмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2017 година;
2. Годишен извештај на Општина Струмица за 2017 година;
3. Предлог-Завршна сметка на Буџетот на општина Струмица за 2017 година;
4. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2017 година;
5. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2017 година;
6. Извештај за реализација на Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2017 година;
7. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2017 година;
8. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2017 година;
9. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2017 година;
10. Извештај за реализација на Програмата на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2017 година;
11. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2018 година;
12. Предлог-Одлука за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација на подрачјето на општина Струмица за 2018 година;
13. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество на Проект за “Основен проект за изведба на улица со шеталиште во село Градско Балдовци “;
14. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество на проект за “Основен проект за изградба на базни прегради во с. Габрово“;
15. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Кенан Асанов од Струмица;
16. Извештај за работа на ЈП “Паркиралишта Струмица” Струмица за 2017 година;
17. Годишна сметка на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ Струмица за 2017 година;
18. Одлука за распоредување на остварената добивка по Годишната сметка на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за 2017 година;
19. Извештај за работа на ЈПЕД “Струмица гас” Струмица за 2017 година;
20. Годишна сметка на ЈПЕД „Струмица гас“ Струмица за 2017 година;
21. Одлука за распоредување на остварената добивка по Годишната сметка и финансиските извештаи на ЈПЕД „Струмица-гас“ за 2017 година;
22. Извештај за работата со финансов извештај и годишна сметка на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ за 2017 година;
23. Годишен план за вработување на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ за 2019 година;
24. Извештај за работата со финансов извештај и годишна сметка на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ за 2017 година;
25. Извештај за работата со финансов преглед и завршна сметка на Општинска јавна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица за 2017 година;
26. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1004 КО Попчево;
27. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2204/7 КО Добрејци;
28. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7930 КО Струмица; и
29. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1752/1, 1758/2, 1803/1 КО Дабиља.