Вo првите три месеци од оваа година преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ биле решени 271 проблем од вкупно 301 пријава. Останатите 30 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 210, од областа на собирање смет 27, водовод и канализација 33, паркови и зеленило 19, општински инспекциски служб 4, улици, патишта и тротоари 5 и контакт оператор 3.
Целта на општинскиот сервис „Систем 48“ е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми. Затоа од таму апелираат до граѓаните за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може веднаш да се интервенира до надлежните општински служби и да се решаваат проблемите. Истовремено им се заблагодаруваат на граѓаните за користењето на услугите на овој сервис.