Градоначалникот Коста Јаневски денеска учествуваше на на втората тркалезна маса која што се одржа во домот на АРМ во рамките на грантот „Youth Friendly City“ кој го имплементираат Младинскиот сојуз од Крушево и Младинскиот совет од Струмица, со финансиска поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на проектот е да се да промовира активно учество на младите луѓе во локалните заедници за создавање на општини – Пријатели на младите.