Во рамките на реализацијата на проектот „Еко-градинки за одржлива иднина“,на ден 15.05.2018 година во Струмица се одржаеднодневна работилница за изработка на еко-проекти преку игри за деца од предучилишна возраст од детската градинка „Детска Радост“ од Струмица и детската градинка „Први Јуни“ од Ќустендил, Р. Бугарија. Темата на работилницата беше „Креативни деца: Изработка на демонстративни еко-проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија преку моделирање и игри за деца“.
Целта на работилницата беше развој на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата од двете градинки и примена на претходно стекнатото знаење за теми од областа на еколошкото образование како што се заштита на животната средина, одржливо искористување на природните ресурси, заштеда на енергија, заштеда на вода и слично преку изработка на еко-проектисо користење на интерактивен и креативен пристап, забава, хумор и игри за деца. Беа изработени вкупно 16 еко-проекти. На работилницата учествуваа40 деца, 40 родители и 10 претставници на воспитно-образовниот персонал од детските градинки во Струмица и Ќустендил, со што беше воспоставена неформална мрежа за прекугранична соработка меѓу гореспоменатите чинители.
Овој проект е финансиран од ЕУ преку Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Р. Бугарија 2014-2020.