Влезот во Струмица од кај Добрејци ќе добие нов лик

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ викендов започна со активности кои ќе му дадат нов лик на влезот во градот од кај населеното место Добрејци. Екипите на одделението „Механизација“ работат на дооформување на крстосницата на булеварите „Ленинова“ и „Климент Охридски“ на патот М6.

Покрај оформувањето на зелениот појас врз основа на главниот проект на крстосницата, ќе се изврши дополнително осветлување со поставување на улични светилки на сите четири страни на пристапот кон кружниот тек, а целиот простор ќе биде хортикултурно уреден. На стартот од градежните активности присуствуваа градоначалникот Коста Јаневски и директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Горгиев.