Членовите на Советот на општина Струмица денеска ја одржаа единаесеттата седница на која присуствуваше и градоначалникот Коста Јаневски. На седницата беше усвоена предлог одлуката за измена и дополнување на буџетот на општина Струмица за 2018 година. Потребата од овој ребаланс се наметна поради доставените барања од буџетските корисници на буџетот на општина Струмица, пред се на буџетските корисници кои се финансираат со блок-дотации, за нивното непречено работење и со наметнување на некои нови приоритети на граѓаните за кои е неопходно усогласување на донесените буџетски програми, а градоначалникот Јаневски детално ги објасни причините за измена и дополнување на буџетот за оваа година.
На седницата беа усвоени и повеќе предлог програми, извештаи, одлуки и планови од повеќе области.