Почитувани сограѓани од исламска вероисповед,
Од името на Општина Струмица и од мое лично име, Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам, со искрена желба празнувањето да ви помине во мир, разбирање и милосрдие, а во духот на Вашите муслимански традиционални вредности. Овој празник, нека ве затекне во добро здравје, благосостојба и семејна радост, и нека биде во знакот на подадена рака, добри дела и соживот со останатите сограѓани од општина Струмица. Среќен и вековит нека Ви е Рамазан Бајрам.