Виолета Цицимова од ООУ „Видое Подгорец“ го освои првото место на државниот натпревар по англиски јазик

Уште еден голем успех за основното општинско училиште „Видое Подгорец“ и општина Струмица. Виолета Цицимова, ученичка во деветто одделение го освои првото место на државниот натпревар по англиски јазик кој што се одржа во Скопје, а организиран од Асоцијацијата на наставници по англиски јазик и книжевност – ЕЛТАМ.Натпреварот се одвиваше во три фази- општински, регионален и државен. Под менторство на мојата наставничка Елена Христова успешно ги поминав скалилата и се стекнав со признание државен првенец по англиски јазик, со што покажавме дека сме најдобри меѓу најдобрите- изјави Виолета Цицимова.