Оф програмата на годинашното седмо издание на манифестацијата „Струмица опен фестивал“ започна со „Трката на келнери“ која што се одржа на плоштадот „Гоце Делчев“. Дваесетина келнери од Струмица, Гевгелија и Радовиш, меѓу кои и две девојки се натпреваруваа за награди во паричен износ од 6.000, 8.000 и 12.000 денари. Најдобар и најбрз келнер беше Дени Перов од Струмица кој што го освои првото место, а наградата му ја врачи градоначалникот Коста Јаневски. Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски му ја врачи наградата за освоеното второ место на Горан Митев од Струмица, а третото место го освои Игор Стефановиќ од Гевгелија.