Градоначалникот Коста Јаневски синоќа беше меѓу љубителите на поезијата покрај езерцето во градскиот парк кои уживаа во поетските стихови на Лидија Димковска, македонски поет, прозаист, есеист, теоретичар на книжевноста и преведувач која живее и работи во Словенија. Во прекрасниот амбиент, за нејзиното богато творештво зборуваше поетесата Вања Изова Велева, а стихови читаа Катерина Панова Кожарова, Сузана Мицева и Мариета Дукиќ. Вечерта со поезијата на Лидија Димковска се одржа во рамките на Оф програмата на годинашново седмо издание на Струмица опен фестивал. Градоначалникот Јаневски присуствуваше и на промоцијата на монографијата „Од портите на пеколот до патот кон небидницата“ од м-р Благој Стојанов, од Здружението на бежанците, бегалците и децата на бегалците – Струмица, која што се одржа во центарот за култура „Антон Панов“.