Градоначалникот Јаневски му ги честиташе големите успеси на Димитар Џорлев на натпреварите по математика

Посветеноста на општина Струмица кон приоритетите кои произлегуваат од Стратегијата за образование ги опфаќа и мерките за развој на знаењата, вештините и интегритетот на учениците низ воспитно – образовните процеси и поттикнувањето на креативноста на младите.

Во рамките на тие мерки, а за поголема мотивираност на талентираните ученици, градоначалникот Коста Јаневски денеска оствари средба со Димитар Џорлев кој годинава го заврши деветтото одделение во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ и се запиша во прва година во средното училиште „Јане Сандански“ и со директорот на ООУ „Видое Подгорец“, Леонид Танчев. На средбата се разговараше за досегашните успеси на натпреварите по математика на Џорлев, кој на градоначалникот му ги покажа и дипломите и медалите освоени на домашните и меѓународните натпреварувања, меѓу кои и последната освоена математичка ѕвезда на натпреварот во Бугарија. Градоначалникот Јаневски му посака многу успех во понатамошните натпревари, потенцирајќи дека ја има поддршката од општина Струмица во остварувањето на неговите цели.