Општина Струмица ја одбележа 67-годишнината од смртта на петмината струмички студенти

Со пригодна свеченост која што се одржа пред спомен обележјето во малиот градски парк, денеска, беше одбележана 67 – годишнината од убиството на петмината струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’мов. За животот и делото на студентите зборуваше Никола Андонов, претседател на Здружението на политички затвореници, а беше изведен и поетски колаж од членовите на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“.

Во знак на почит, свежо цвеќе пред спомен обележјето положи градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, претставници на семејствата, јавни институции и здруженија на граѓани.