Во рамките на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Струмица за 2018 година, во градот и населеното место Попчево се изведуваат бетонски работи. Завршена е реконструкцијата на дел од тротоарот на улицата „Браќа Миладинови“, бетониран е џеб на улицата „Младинска“, а во населеното место Попчево, бетонирана е една улица, а ќе се бетонираат и останатите планирани во програмите на општина Струмица за оваа година.