Продолжуваат градежните активности во градот и населените места

Со засилено темпо општина Струмица ги спроведува планираните активности во градот и населените места. Дел од нив се реализираат во населените места Муртино и Банско, таму денеска со своите соработници беше и градоначалникот, Коста Јаневски. Општина Струмица продолжува со своите активности во населените места и градот.