Во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција на младите ќе се врши реновирање на делови од училиштата „Маршал Тито“ и „Јане Сандански“

Во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) кој опфаќа три компоненти, меѓу кои и компонентата стимул за училиштата – реновирање, денеска, во кабинетот на градоначалникот Коста Јаневски, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу двете училишта, основното „Маршал Тито“, средното „Јане Сандански“ и општина Струмица со Македонскиот центар за граѓанско образование и УСАИД.

Со овој проект ќе се изврши поставување на меѓукатна конструкција (плоча) на спратот на училишната зграда и замена на постоечкиот под во основното училиште „Маршал Тито“ и фасадирање на североисточната страна на средното училиште „Јане Сандански“. Општина Струмица континуирано ги поддржува сите проекти со чија реализација се подобруваат условите за изведување на воспитно – образовниот процес во училиштата