Општина Струмица се вклучува во хуманитарниот настан „Да трчаме заедно за Нина“

Вработените во општина Струмица ќе се вклучат во хуманитарниот настан „Да трчаме заедно за Нина“ кој што ќе се одржи в сабота  (10.11.2018 година) со почеток во 12 часот на плоштадот „Гоце Делчев“. Со тоа вработените ќе го дадат својот придонес во лекувањето на седумгодишното девојче Нина Димитриевска во САД. Општина Струмица апелира до сите граѓани да се вклучат во хуманитарната трка и како многу пати досега да ја потврдат својата хуманост и солидарност и да помогнат на малата Нина.

45180253 10217156598402404 6432462297473482752 n