Ставен втор слој асфалт на 4 улици во градот со вкупна површина од 11 илјади метри квадратни

Општина Струмица продолжува со реализацијата на планираните активности иако се ближи крајот од буџетската 2018 година. Во изминатиот период се реализираа повеќе градежни зафати како во населените места така и во градот, а денеска заврши и реализацијата на еден поголем зафат, односно, поставување втор слој асфалт на четири улици со вкупна површина од 11 илјади метри квадратни.

Тоа се целата улица „Ката Поцкова“ и три крака кон улицата „Боро Поцков“ и делови од улиците „Ѓорѓи Василев“, „Младинска“ и „11-ти Септември“. Градоначалникот Коста Јаневски присуствуваше на завршните работи на улицата „11-ти Септември“ и рече дека со овој зафат прилично се подобри инфраструктурата во градот. Со оваа тенденција ќе продолжиме и понатаму, се додека временските услови за оваа година ни дозволуваат и секако остануваме на заложбата и во наредната година да продоложиме со такви активности во уште поголем обем. Се движиме според програмите кој што ги диктира буџетот и можностите кој што тој ни ги дава за оваа година. Јас лично сум задоволен како се одвиваат работите, скоро во сите населени места имаше интервенции од овој вид, ако не и буквално во сите, еве и во градот еден добар дел од улиците се реновираат, така што мислам дека ќе има еден виден резултат од тоа што го планиравме и што ни беше во програмите за оваа буџетска година, рече градоначалникот Јаневски. Денеска се асфалтираа и две улици во населеното место Рич, а во наредните денови ќе се асфалтира уште една улица во Раборци и ќе се проширува улицата на влезот во населеното место Попчево.