Денеска се чистеа дивите депонии во Банско, Муртино и Просениково

Продолжуваат акциите за чистење на комуналниот отпад во повеќе населени места на територијата на општина Струмица со конкретни теренски активности на ЈПКД „Комуналец“ во соработка со општина Струмица и голема помош со механизација на дел од приватниот сектор. Денешната акција се одвиваше на дивите депонии во населените места Банско, Муртино и Просениково.

Бранко Горѓиев, раководител на секторот „Комунална хигиена“ информираше дека првата недела од акцијата за чистење на дивите депонии се одвиваше успешно, беа подигнати 1.370 метри кубни отпад и беа расчистени дивите депонии во населените места Просениково, Добрејци и Водоча. Со овие акции се очекува значително да се подобри состојбата со непрописното одложување на отпадот, намалување на неговото штетно влијание и локализирање на депониите со цел полесна контрола на истите. Градоначалникот Коста Јаневски и директорот на „Комуналец“ Зоран Горгиев и денеска повторно упатија АПЕЛ до граѓаните за совесно и правилно да го одлагаат својот отпад, со цел да се спречи создавање на диви депонии, да се сфати пораката дека заштитата на животната околина зависи од сите нас.