Во организација на Британскиот совет од Скопје се одржа работилница на која учествуваа претставници од општина Струмица. Главната цел на проектот е зајакнување на интегриран и сеопфатен систем на доживотно учење, со фокус на стручното образование и обука, и образованието на возрасните, а преку воведување динамична спрега меѓу образованието и измените и во социјалната и во сферата на пазарот на труд.
Главни приоритети во проектот се поддршка за подготовка на насоки за спроведување на анализа на потребите на пазарот на труд за локалните чинители и јакнење на капацитетите на локалната самоуправа како и поддршка за изготвување модели и концепти за функционирање на јавните институции за образование на возрасните, на локално ниво.
Во донесената стратегија за образование од страна на Советот на општина Струмица за периодот 2015-2020, како и во другите системски документи и акциони планови, се обезбедуваат клучни показатели за оваа област особено во делот на неформалното образование и доживотното учење. Општина Струмица со својата визија за образованието „Образованието е темел за слободата и интегритетот на граѓаните“, активно се вклучува во сите проекти кои придонесуваат за зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа, а преку свои мерки и иницијативи врши усогласување на образованието според локалниот пазар на труд.