Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец март , биле добиени вкупно 233 пријави. Од нив решени се 215, а останатите 18 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаените 48 часа. Според информациите од овој сервис, најголем број од пријавите се од областа на уличното осветлување 139, од областа на собирање смет 27, водовод и канализација 17, паркови и зеленило 13 и останатите се од други области. Од „Систем 48“ им се заблагодаруваат на граѓаните за довербата и апелираат за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може општинските служби навремено да интервенираат и истите да ги решаваат во определениот рок од 48 часа.