Во средното општинско училиште „Јане Сандански“ денеска продолжи одбележувањето на Денот на училиштето. Претставници на училиштето, на општина Струмица и на општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ и нивните следбеници пред бистата на патронот положија свежо цвеќе, а за значењето на Денот на училиштето зборуваше Вања Изова Велева, директор на училиштето.