По повод велигденските и првомајските празници, денеска, Територијалната професионална противпожарна единица спроведе крводарителска акција во службата за трансфузиона медицина во Струмица. Пожарникарите докажаа дека освен во пожар и други елементарни непогоди и несреќи, можат да спасуваат човечки животи и со дарување на сопствената крв.
Според Мијалче Крстев, командир на единицата, пожарникарите покажале голем интерес за акцијата, а истата ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.