Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица гас“ во континуитет ја проширува гасоводната мрежа. Според директорот на претпријатието, Зоран Китанов, изградени се нови 500 метри и проширувањето на гасоводната мрежа се врши според планираната динамика за оваа година.
Денес, имаме еден убав момент. Завршивме уште една гасоводна мрежа во должина од околу 500 метри која што опфаќа дел од улицата „Младинска“ со „Ѓорѓи Трајков“ и комплетно улицата „Мануш Турновски“. Моментално трае испитувањето кое што се прави согласно прописите и законите на Република Македонија во кое што учествуваат релевантни институции од машинскиот факултет и инспекторатот и после вообичаената процедура од шест бара на еден час, се остава 24 часа на 4 бара за која веруваме дека ќе биде се во ред и после тоа следува вклучување на истата мрежа. Ова ни е втора мрежа што ја завршивме оваа година, а после велигденските празници, се селиме на улицата „Иљо Шопов“ каде што имаме голем број на заинтересирани луѓе кои што сакаат да се приклучат на гасоводната мрежа и продолжуваме според предвидената програма и верувам дека до крајот на годината ќе успееме да реализираме се што ни е земено за обврска, рече Китанов.