Општина Струмица објавува ЈАВЕН ОГЛАС, За ангажирање на 8 невработени лица за извршување на јавни работи, односно за вршење на работи од јавен интерес на Општина Струмица. Јавните работи се организираат врз основа на проектот „Уредување на Габровски водопад“ на Општина Струмица, а во рамките на „Оперативниот план за активни политики за вработување за 2007 година.
Врз основа на член 83, 84 и 85 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (Сл.весник на РМ бр. 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 7/2002, 25/2003, 37/2004 и 4/2005), Општина Струмица објавува ЈАВЕН ОГЛАС, За ангажирање на 8 невработени лица за извршување на јавни работи, односно за вршење на работи од јавен интерес на Општина Струмица. Јавните работи се организираат врз основа на проектот „Уредување на Габровски водопад“ на Општина Струмица, а во рамките на „Оперативниот план за активни политики за вработување за 2007 година.
Во јавните работи ќе бидат ангажирани 8 невработени лица и тоа:
Евидентирани долгорочно невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центар за вработување во Струмица (најмалку 5 години да е во евиденција на невработени лица)
Невработени лица со минимум основно образование, кои се или не се приматели на социјална помош.
Невработените лица ќе бидат ангажирани во период од 6 (шест) месеци и на истите ќе им се обезбеди паричен надоместок за извршената работа, надоместок за исхрана и надоместок за превоз. Заинтересираните невработени лица да се јават во рок од 7 дена од денот на објавување на огласот.
Невработените лица треба да ги достават следниве документи:
1. Барање
2. Потврда од Агенцијата за вработување на РМ, Центар за вработување Струмица дека се невработени
3. Фотокопија од лична карта
4. Само за невработените – приматели на социјална помош:Потврда од Центарот за социјални работи Струмица дека се приматели на социјална помош.
Потребните документи во затворено плико да се достават во Општина Струмица, соба бр.10.