Повик за учесници на обукa за млади од руралните средини на тема: „Проектен циклус и изработка на проектна апликација“

Центарот на заедницата на општина Струмица, во рамките на концептот „Општина по мерка на граѓаните“ имплементиран од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со Општина Струмица, објавува повик за млади од руралните средини на тема:  „Проектен циклус и изработка на проектна апликација“.

Оваа обука ќе придонесе за развој на капацитетите на младите од руралните средини за подобро проектно планирање и реализација на проектни активности и остварување на соодветни цели, односно стекнување на вештини за развој на целосна проектна апликација. Целта е да се мотивираат младите од руралните средни да се приклучат на веќе постоечките граѓански организации и да ги применат стекнатите знаења при пополнување на проектни апликации, но и работа на конкретни проекти кои ги реализираат локалните граѓански организаци. Обуката ќе се одржи на 15.06.2016 г. (среда) во канцеларијата на Центарот на заедницата на општина Струмица (Дом на АРМ – Струмица). Директниот линк до повикот и електронската пријава, кои се објавени на официјалната web страна на Центарот на заедницата на општина Струмица, е следниот: http://ccstrumica.mk/povik-za-uchesnitsi-na-obuka-za-mladi-od-ruralnite-sredini-na-tema-proekten-tsiklus-i-izrabotka-na-proektna-aplikatsija/.