Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, присуствуваше на две традиционални манифестации кои што се одржаа во општините Василево и Ново Село. Во Василево беше дел од гостите кои присуствуваа на манифестацијата Ден на празот, а во Ново Село на фестивалот на Смоларскиот костен. Со тоа, градоначалникот Јаневски ја потврди почитта кон традициите во струмичкото поднебје и отвореноста за соработка со општините од регионот.