Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и началникот на Секторот за внатрешни работи – Струмица, Танчо Пројковски со своите соработници одржаа работен состанок на кој се разгледуваше актуелната состојба со безбедноста на граѓаните и јавниот ред и мир во Општината. Целта на состанокот беше во заедничка соработка и координација, истите да се подигнат на повисоко ниво во овој период од годината, односно, пред новогодишно-божиќните празници.