„Ние, учениците во мешан етнички состав од двете општински основни училишта „Герас Цунев“ од село Просениково и „Маршал Тито“ од село Муртино, со поддршка од нашите наставници се здруживме водени од една иста цел: прифаќање на различноста и рушење на наметнатите предрасуди кои ја ограничуваат перцепцијата и создаваат стереотипи“, беше најавата на водителите на заедничката активност насловена како „Јас имам талент“.