Општина Струмица започна со спроведување на нов проект преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција. Проектот ќе биде целосно финансиран од Европската Унија изнесува околу 238.000 евра и истиот е именуван како создавање на поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион, односно, БИЗНИС МРЕЖА Струмица – Кичево – Кукуш.Според Елена Ќучукова од Одделението за меѓународна соработка и Европски фондови на општина Струмица, целта на проектот е зајакнување на капацитетите на бизнис секторот.