Неколку актвности го одбележаа периодот на летниот распуст во работењето на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица. Според зборовите на директорот на училиштето Борис Иванов, во овој период, извршено е генерално чистење на сите училници и други училишни простории, санација и делумно обелување на ѕидовите на училниците и ходниците, како и комплетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на сите простории и училници. Покрај тоа, во подрачното училиште во Градско Балдовци извршена е санација и делумно обелување на ѕидовите на училниците и ходниците, како и чистење на оџаците во училишната зграда. Според Иванов, ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица е целосно подготвено за успешен почеток на новата учебна година.