Во текот на летниот период, во ООУ „Герас Цунев“ Просениково, реализирани се повеќе активности за подобрување на условите за работа на учениците и наставниците. Според информациите од директорот на училиштето,
Ванчо Манолев, поставена е термо-енергетска фасада на дел од училишниот објект, извршена е целосна замена на дотраените олуци (хоризонтални и вертикални), саниран е подот во спортската сала, извршена е замена на старите дрвени со нови ПВЦ прозорци во ходниците од новиот училишен блок, поставен е натпис на училиштето, како и нова алуминиумска врата на помошниот влез. Покрај тоа, извршена е дезинфекција и дератизација и комплетно чистење на училишните простории, варосување на канцелариите и замена на дотраените врати на канцелариите со нови.По овие зафати, ООУ „Герас Цунев“ Просениково е целосно подготвено за утрешниот почеток на новата учебна година