И оваа година општина Струмица е дел од проектот „Европска недела на мобилност – Паметна мобилност, Силна економија“ марш и промоција на стрип „Климата не е на копче“. Станува збор за недела на велосипедисти, пешаци, возачи на ролерки и на сите учесници во сообраќајот кои не ја загадуваат животната средина.
Во рамките на оваа недела на 22 септември (четврток) со почеток во 10 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе се одржи настанот Ден без автомобили. Покрај дефилето со велосипеди по булеварот, ќе се одржи марш за подигање на свеста кај граѓаните за штетното влијание на климатските промени, а ќе се промовира и стрипот „Климата не е копче“. Овој настан го организираат општина Струмица, еколошкото друштво „Планетум“ и велосипедскиот клуб „Актив“ од Струмица.Општина Струмица апелира до граѓаните масовно да се вклучат во овој настан за да се даде заеднички придонес во подигањето на свеста за користење на велосипеди, повеќе пешачење и преземање акции за намалување на штетното влијание од климатските промени.Општина Струмица преку својата администрација, граѓаните, јавниот и приватниот сектор, НВО секторот, месните заедници и други здруженија, континуирано преку различни проекти, активности и документи го подобрува квалитетот на животната средина и секогаш е во чекор со тенденциите за имплементирање на стандардите на Европската унија.