Општина Струмица, во соработка со Центарот на заедницата на општина Струмица на 27 септември 2016 година (вторник) со почеток во 13:30 часот во салата на Советот на општина Струмица во домот на АРМ, ќе одржи промоција на Социјална карта на општина Струмица.Во рамките на концептот „Општина по мерка на граѓаните“, кој општина Струмица го спроведува во партнерство со Фондација Oтворено општество – Македонија,
Центарот на заедницата од септември годинава започна со процесот на изработка на Социјална карта на општина Струмица, која претставува приказ на актуелните социо-економски и демографски специфики на општината. Документот дава увид во социјалната структура на жителите на општина Струмица.Присутните на промоцијата ќе имаат можност да дискутираат и да ја коментираат социјалната карта, со цел изнаоѓање на алатки за нејзино понатамошно ажурирање кое ќе помогне при давањето општински социјални услуги, како и за користењето на социјалната карта во работата на граѓанските организации при креирањето на социјални политики.