Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започнаа со чистење на каналите за атмосферски води во населените места. Чистењето започна од населеното место Куклиш.
Според Миле Тимов од Одделението за услуги на граѓаните, месни и урбани заедници на општина Струмица, со оваа акција се чистат каналите за атмосферски води во самите населени места, а согласно Програмата на општината за оваа година. По Куклиш ќе се чистат и каналите во населените места Муртино, Сачево, Градско Балдовци, Просениково и Костурино. Со ова чистење ќе се овозможи нормално функционирање на каналите.