Денеска во домот на АРМ се одржа јавна расправа за Стратегијата за унапредување на родовата еднаквост на општина Струмица за 2017 – 2020 година. Стратегијата се работеше осум месеци, а беа вклучени повеќе релевантни фактори.Денешната јавна расправа ја организираме со единствена цел консултација со граѓаните, невладиниот сектор и сите релевантни актери во локалната заедница со цел да ја дефинираме Стратегијата за зајакнување на родовата еднаквост на општина Струмица 2017 – 2020 година.
Оваа Стратегија финансиски е поддржана од UN WOMEN кое што е тело на Обединетите нации за родова рамноправност и зајакнување на улогата на жената во општеството. Истата се изготвуваше на еден партиципативен начин и тоа во временски период од околу 8 месеци и работната група која што ја изготвуваше беше составена од координаторот и комисијата за еднакви можности на општина Струмица, невладиниот сектор, општинската администрација и други заинтересирани граѓани. Самата Стратегија се темели на 4 стратешки приоритети и тоа економско јакнење на жената, родово одговорно образование, спречување на родово базирано насилство и зголемување на одлучувачката позиција на жената во општеството, рече Нела Масалковска координатор на проектот во општина Струмица.