Работна екипа на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска го оградуваше спортското игралиште во населеното место Просениково. Поради постојаното оштетување на оградата, ова е трето оградување на истото игралиште со средства од општинскиот буџет. Општина Струмица апелира до жителите на Просениково за посовесно однесување затоа што истото е во нивна корист.