Општина Струмица започна со поставување втор слој асфалт на улиците во населените места и градот. Денеска се работеше во населеното место Градско Балдовци, каде што втор слој на асфалт беше поставен на улицата која што поминува низ центарот на селото и дел од централното подрачје во вкупна дплжина од 2.200 метри. По Градско Балдовци, овој градежен зафат ќе продолжи во населените места Муртино, Баница, Просениково и во градот.