Се поставува втор слој асфалт на локалниот пат од Струмица кон населеното место Просениково согласно склучениот договор меѓу општина Струмица и АД „Гранит“ од Скопје. Овој градежен зафат се реализира на потегот од „Сале комерц“ од Струмица кон Просениково во должина од еден километар, а сереализира со средства од општинскиот буџет.