Најмладите струмичани преку детскиот маскенбал кој што ќе се одржи вечерва ги започнуваат овогодинешните карневалски свечености во Струмица. Карневалската програма продолжува утре во библиотеката „Благој Јанков Мучето“ со објавување на резултатите од конкурсот за најдобри остварувања на тема Карневал, а утревечер во центарот за култура „Антон Панов“ ќе биде отворена изложба на фотографии од карневалот 2016 година, а музичкото училиште „Боро Џони“ ќе го одржи традиционалниот концерт под маски.
Свеченото отворање на струмичкиот карневал 2017 е со традиционалниот маскенбал кој што ќе се одржи в петок со почеток во 21 часот во хотелот „Сириус“, а интернационалната карневалска поворка е во сабота и ќе започне во 18,30 часот.Од организациониот одбор на карневалот изјавија дека според потврденото учество на карневалските групи и годинава очекуваат карневалот да го задржи високото ниво.Карневалските свечености завршуваат на први март со одбележувањето на тримерските обичаи.