Општина Струмица продолжува интензивно да ги спроведува активностите од проектот „Наследство“, финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција 2007 – 2013.
Во рамките на овој проект, проектниот тим на општина Струмица, претставници од НУ Завод и Музеј – Струмица и СОУ “Јане Сандански” од Струмица учествуваа на дводневно студиско патување во Кукуш, Грција при што посетија некои од најзначајните културно – историски споменици и археолошки локалитети со цел размена на практики, искуства, идеи и информации со грчки претставници заради подобра презентација, промоција и заштита на историското, природното и културното наследство.Проектот „Наследство“ се имплементира од страна на три проектни партнери и тоа: општина Струмица како водечки партнер, општина Кукуш и подрачната единица Кукуш од Грција.Најзначајна активност за општина Струмица во рамките на овој проект е втора фаза на конзервација, реставрација и делумна реконструкција на тврдината „Цареви Кули“.