Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец февруари, биле доставени вкупно 145 пријави.Општинските надлежни служби постапиле по пријавите и решиле 121 проблем, а останатите 24 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ во овој месец се од областа на уличното осветлување 108, одобласта на собирање смет 5, водовод и канализација 16 и останатите од други области.
Од „Систем 48“ им се заблагодаруваат на граѓаните за довербата и апелираат до нив за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848.