Во рамките на програмата Инклузивно образование, која што се реализира со поддршка на УНИЦЕФ, во соработка со Бирото за развој на образованието и Македонскиот центар за граѓанско образование, се вклучи и општина Струмица преку општинското основно училиште „Видое Подгорец“. На обуката, која е составена од три модули за инклузивното образование, присуствуваа стручни соработници и наставници од училиштето, кои добија задача да извршат пренесување на новите знаења и искуства за инклузивното образование и реализација на оваа програма во нивната училишна средина.