Согласно програмата за работа за 2015 година, Општина Струмица ќе го спроведе планираното теристичко (од земја) аеросолно прскање против комарци. Истото ќе се реализира во периодот од 23.00 часот на 29. јули (среда) до 04.30 часот на 30. јули (четврток).Границата на третирање започнува на северо-запад од градските гробишта, во правец кон месноста Софилар, па се до селото Добрејци (Индустриска зона – Север); продолжува на северо – исток од селото Добрејци (Индустриска зона -Север) во правец на бетонската база на ГП ,,Бетон,, до почетокот на Индустриската зона во село Дабиле.
Од таму третирањето ќе продолжи кон југо – исток во правец на реката Тркања, до раскрсницата во село Куклиш и на крајот кон југо – запад, од раскрсницата во Куклиш кон црквата ,,Св. Петнаесет,, преку Ловен дом, се до градските гробишта. На тој начин третирањето против комарци ќе ги опфати сите улици во градот.Општина Струмица апелира до струмичките пчелари, во времето на третирање, но и три до четири часа потоа, да ги затворат своите кошници со пчели и со тоа да ги заштитат пчелните семејства од влијание на средството со кое ќе се врши третирањето.Во случај на врнежи од дожд, третирањето ќе биде одложено за 24 часа.