Од синоќа, Струмица почна да живее во ритамот на најголемата културно-забавна манифестација „Струмица опен фест“. Честа да го отворат четвртото издание ја имаа младите струмички таленти Трајче Горгиев, Тина Русева, Стојан Стојанов и Јани Малчев,
кои имаа незаборавен настап пред бројната публика во дворот на АРМ. Меѓу публиката беше и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот.Ние сме многу среќни што со најмладите таленти почна четвртото издание на „Струмица опен фест“ затоа што тие на најдобар начин ја презентираат Струмица во државата, но и во поранешните југословенски простори. Минатата година оваа најмасовна манифестација беше посетена од 200 илјади посетители, ќе се потрудиме годинава да има поголем број посетители, рече Христов.По концертот на младите таленти забавата продолжи на базенот „Авариус“. Вечерва на фестивалската програма се вечерите посветени на поезијата, театарот, хип хопот кои ќе се одржат на три локации и тоа во дворот на АРМ, покрај езерцето во паркот и во амфитеатарот.