Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Службен гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на триесетата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам триесетата седница на Советот на општина Струмица за ден 27.08.2015 година (четвток).
Триесетата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од дваесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица.
II
Д н е в е н р е д
- Предлог-Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на општина Струмица за 2015 година;
- Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2015 година;
- Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2015 година;
- Предлог – Програма за изменa на Програмата за за одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2015 година;
- Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2015 година;
- Предлог –Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2015 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за одржување на јавната чистоќа на подрачјето на општина Струмица за 2015 година;
- Предлог – Програма за измена на Програмата за за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2015 година;
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2015 година;
- Предлог – Одлука за отпис на долг по основ на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување;
- Предлог – Одлука за пристапување на Општина Струмица како соосновач на Здружението Локална Акциона Група БЕЛАСИЦА-ОГРАЖДЕН;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Елаборат за одредување на границите на заштитните, заштитните и другите услови на водите наменети за консумирање од страна на човекот на aкумулација „Tурија“;
- Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Урбан Блок 21, Oпштина Струмица, плански период 2009 – 2019;
- Предлог – Одлука за означување на условите и утврдување режим на сообраќај за поставување на физички мерки за смирување на сообраќајот во зони на основните училишта во општина Струмица;
- Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица;
- Статут на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица;
- Ценовник на услугите кон корисниците на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица;
- Барање согласност за прифаќање на поголем број на деца од капацитетот на клоновите во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица;
- Извештај за работата на ЈП “Паркиралишта-Струмица“ – Струмица, за периодот од 01.01 до 30.06. 2015 година;
- Извештај за работата на ЈПКД “Комуналец “ – Струмица, за периодот I –VI месец 2015 година;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 4396 КО Муртино;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 486/1, 486/2, 485/1, 485/2, 486/3 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 6817/4 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 5598/4 , 5598/2 и 5598/1 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 7397 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 2124 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 2121, 2122 и 2118 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 40 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7899 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на планскиот опфат за КП бр. 1265 и 1328/1 КО Добрејци;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на планскиот опфат за КП бр. 2828 КО Дабиља;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на планскиот опфат за КП бр. 662 КО Просениково; и
- Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Дел од Блок бр. 24, Дел од Урбана Единица 9, Општина Струмица, плански период 2011-2016.
Напомена: Во материјалот по точка 33 недостасува Мислење од Министерството за транспорт и врски. Во колку до седницата на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и природата, тоа не се обезбеди точката ќе биде повлечена од дневен ред.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Јосиф Христов