„Комуналец“ гради еко остров на спојот на улицата „Моша Пијаде“ со „11 Октомври“

Согласно програмата за зголемување на јавната чистота во градот, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ гради еко остров кај детското игралиште на спојот на улицата „Моша Пијаде“ со „11 Октомври“. Бетонскиот фундамент е веќе поставен и се градат ѕидовите, а ќе има и покрив.