Сојузот на Дефектолози на Република Македонија, останувајќи доследен на своите принципи, дефектолозите, логопедите, стручните служби и наставниците во земјава да бидат високообучени за теми и области, како и проблеми кои најмногу ја засегаат нивната секојдневна работна пракса, и овојпат во соработка со општина Струмица организира обука на тема: „Практични пристапи кон децата со аутизам и АДХ“, на која ќе предаваат акредитирани странски предавачи од Република Србија, специјализирани за својата методолошка област.
Обуката е високоинтегрална бидејќи се однесува на две категории на попреченост (аутизам и АДХД) и обработува четири методолошки пристап во третманот со овие деца(АБА-метод, TEACCH(тич)-метод, музикотерапија и принципи за изработка на Индивидуален образовен план на децата со попреченост во образованието во редовните училишта).Обуката ќе се реализира на 27 и 28 септември, во општинското основно училиште „Сандо Масев“ во Струмица, во термините од 09-17 часот.На обуката ќе учествуваат 34 учесници, за кои котизацијата ја обезбедија основните училишта, средни училишта како и детската градинка за своите вработени (32), преку препорака на одделението за образование при општина Струмица, а поединците-учесници (2) по пат на самофинансирање.Од Сојузот на Дефектолози на Република Македонија и од општина Струмица се надеваат дека по оваа обука учесниците – дефектолози, логопеди, психолози, педагози, наставници и родители, ќе бидат обучени за адекватен методолошки пристап во секојдневното соочување и пракса со овие ученици.Со оваа поддршка општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев уште еднаш ја потврдуваат својата грижа за децата, посебно за децата со посебни потреби.