Ренти Сина од Албанија е апсолутен победник и добитник на пехарот на 36-то меѓународно рели и рели крос со теренски возила и автомобили кое вчера се одржа во Струмица. Во категоријата теренски возила со зафатнина на моторот до 1.700 кубни сантиметри, првото место го освои Стефан Велимиров од Србија, во категоријата до 2.000
кубни сантиметри најдобро време постигна Зоран Мазновски од Македонија, во категоријата до 2.500 кубни сантиметри, најбрз беше Панчо Чупаркоски од Македонија, Ренти Сина од Албанија го освои првото место во категоријата до 3.000 кубни сантиметри и во категоријата на возила со над 3.000 кубни сантиметри најдобар беше Братислав Миниќ од Србија.Струмичанецот Зоран Здравков го освои првото место во категоријата на автомобили, во категоријата на олд тајмери најдобар беше Зоран Мазновски од Македонија и меѓу припадничките на понежниот пол првото место го освои Доли Витбергер од Австрија.Наградите на најдобрите учесници на овој натпревар, синоќа во хотелот „Тивериопол“ им ги врачија претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, секретарот на општината, Кирил Парталов и советникот за спорт, Ристо Секулов.Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, беше генерален покровител на 36-то меѓународно рели и рели крос со теренски возила и автомобили.